Објавено на:

Мелони веќе го изложила, Фон дер Лајен планира да го донира, а од кај Сиљановска Давкова се уште нема информации – Ердоган им подарил револвери на лидерите од НАТО-земјите

t

Изминатите два дена, во главниот град на Турција, Анкара се одржа Самитот на НАТО. За време на посетата лидерите на земјите-сојузници во рамки на Алијансата, од претседателот Реџеп Тајип Ердоган, како нивен домаќин, добиле невообичаени подароци.

Имено, како што пренесоа дел од светски познатите медиуми, Ердоган на лидерите им подарил винтиџ револвер, заедно со боева муниција, што укажува дека не е само за шоу.

Ројтерс ова го толкува како порака на Ердоган, сакајќи да ја претстави одбранбената индустрија на Турција, која стана клучна алатка за извоз и надворешна политика.

Сликите споделени од канцеларијата на литванскиот претседател Гитанас Науседа покажуваат дека станува збор за редок пиштол со шест куршуми произведен од турскиот производител на оружје МКЕ во 1990-тите, поставен во дрвена кутија за изложување со знамето на Турција и логото на НАТО, како и плакат со натпис „Гумусај, првиот пиштол од типот револвер произведен во нашата земја“ на турски и англиски јазик.

Според ваквите пишувања, многу веројатно дека ваков подарок добила и македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, но засега од нејзиниот кабинет немаат споделено никакви детали околу тоа.

Ројтерс пишува и дека револверот на италијанската премиерка Џорџа Мелони веќе бил складиран во седиштето на владата, заедно со други државни подароци.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, имала намера да го донира својот во некој воен музеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…