Мелони го собори рекордот на Берлускони: Има влада со најдолг непрекинат мандат во Италија по Втората светска војна
По 1413 дена, односно речиси четири години, конзервативната влада на Џорџа Мелони стана владата со најдолг непрекинат мандат во Италија по Втората светска војна. Со тоа го надмина рекордот на владата на покојниот Силвио Берлускони, која владееше од 2001 до 2005 година.
Ниту една од 68-те италијански влади во текот на 80-годишното постоење на републиката досега не успеала да го одработи целиот петгодишен мандат без прекин. Берлускони беше најблиску до тоа, но владината криза го принуди накратко да поднесе оставка во 2005 година, по што формираше нова влада.
Утре Мелони и нејзината партија ќе го одбележат овој успех со голем предизборен митинг во јужниот град Бари.
Мелони, која е директна и прагматична политичарка, успеа да ги избегне кризите што ги соборија претходните италијански влади.
Резултатите – или отсуството на резултати – во текот на овој невообичаено стабилен период за Италија би можеле на крајот да го дефинираат наследството на Мелони и нејзините шанси за освојување нов мандат, пишува Асошиејтед прес (AP).
Кога Мелони ја презеде функцијата во октомври 2022 година, таа стана првата жена премиер на Италија. Нејзината влада беше и првата предводена од партија со неофашистички корени, што предизвика загриженост кај европските сојузници и на финансиските пазари.
Сепак, Мелони главно владееше прагматично. Таа ја задржа силната поддршка за Украина по целосната руска инвазија, дејствуваше во рамките на европските институции и се залагаше за фискална дисциплина. Нејзиниот однос со американскиот претседател Доналд Трамп стана еден од нејзините најважни адути во надворешната политика, барем на почетокот.
Додека политичката нестабилност доведуваше до промени на владите во други делови на Европа, вклучително и во Обединетото Кралство и Франција, Мелони ја задржа истата коалиција уште од преземањето на власта. Ова претставува реткост во современата италијанска политика и еден од темелите на нејзината кампања за реизбор.
„Мелони го жнее она што го посеа, бидејќи познавам малку луѓе кои се толку решителни, вредни, прецизни и темелни, и кои го жртвувале својот приватен живот за да им служат на институциите“, изјави министерот за одбрана Гвидо Крозето во интервју за „Асошиејтед прес“.
Пред следните избори, кои мора да се одржат најдоцна до крајот на 2027 година, веќе нема сомнеж дека Мелони е способна да владее. Прашањето е дали гласачите сметаат дека нејзината влада направила доволно за да заслужи уште еден мандат.
Нејзините поддржувачи го истакнуваат подобрувањето на јавните финансии, укинувањето на скапите мерки, отворањето на повеќе од еден милион дополнителни работни места, стапката на невработеност пониска од шест проценти и рекордно ниската невработеност кај младите. Тие исто така укажуваат на значителниот пад на бројот на пристигнувања на мигранти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони го собори рекордот на Берлускони: Има…
По 1413 дена, односно речиси четири години,…
Уапсени двајца 19-годишници кај Женската плажа во…
Ноќеска во 01:40 часот на брегот на…
Путин: Русија има доволно војници и нема…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Маѓар: Унгарија е против забрзано членство во…
Унгарија не поддржува забрзана постапка за прием…
Кривични пријави за двајца кавадарчани поради пожари…
ОВР Кавадарци поднесе кривични пријави против две…