Мемети на суд ќе дознае зошто не смее да ја напушта државата, врховниот судија Георгиев се жали на притворот

t

Иџет Мемети утре ќе оди во Кривичниот суд да дознае зошто обвинителството бара тој да не ја напушта државата.

Поранешниот народен правобранител и актуелен член на Советот на обвинители е осомничен дека заедно со врховен судија зеле пари да овозможат погодности за екс градоначалникот на Ново село обвинет за шверц со цигари и дрога. Заради непречено водење на истрагата, обвинителството бара мерки на претпазливост за Мемети. Предлага одземање на патната исправа и повремено јавување кај надлежен дрќавен орган.

Во краток телефонски разговор за Сител, Мемети не ја коментира истрагата во која обвинителството го сомничи за примање награда за противзаконито влијание. Разврска очекувал во институциите.

„Сметам и убеден сум дека не е во ред и коректно да изнесувам ставови за нешто кое треба да се спроведе по правосудни институции. Најмногу ќе придонесеме ако чекаме органите да си ја завршат работата“, изјави Мемети за Сител.

Во меѓувреме, Врховниот судија Георгиев кој од вчера е во затворот во Шутка, бара укинување на притворот.. Според неговиот бранител, неоснован е притворот заради страв од повторување на делото, бидејќи судијата веќе бил оддалечен од работното место, ниту работел на кривична материја.

„Дадена е жалба согласно закон и се бара поблага мерка бидејќи не е определен притвор поради опасност од бегство, а за другите точки, судот имал на располагање други мерки на обезбедување на судијата Наќе Георгиев за идниот тек на истражната постапка “, вели адвокатот Александар Тумановски.

Случајот ги седна на маса колегите на Георгиев.. Претседателката на Врховен ги информирала судиите за истрагата и оддалечувањето од судиската функција.. Се согласиле дека основна заложба на судот е независно судство ослободено од било какви влијанија..

Во Советот на обинителите идната недела ќе се разговара за Мемети. Претседателката Душица Димитриевска вели се разгледувале сите законски обврски кои би ги презеле.

Од таму појаснуваат дека Иџет Мемети е член на советот избран од собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црното море станува се поопасно за трговските…

Нападите со дронови врз трговски бродови во…

Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…

Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…

Булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, Ѓорѓиевски:…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

СДСМ: Без табуа, со знаење – младите…

Соопштение за јавност На младинската трибина на…

(Видео) Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите…

Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти…