Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата
Од Државниот санитарен инспекторат за Телма велат дека следната недела ќе направат контрола за поплавата на Токсикологија, која беше предизвикана од пукната цевка на парното. Истакнуваат дека менаџментот на клиниката има одговорност да го реши проблемот.
Медицинскиот директор Данил Петровски вели дека е направен записник за утврдување на штета, но ќе има дополнување, бидејќи докторските канцеларии се со ламинат, а тие беа потопени со вода.
Канцеларијата во која пукнала цевката на радијаторот е целосно уништена и е вон употреба, а Петровски потсетува дека ќе треба да се менува и влезната врата која била обиена.
Телма вчера објави дека низ лекарски канцеларии, болнички соби, ходници и подруми два часа течела вода. Полавен бил третиот кат на клиниката, а водата се слевала се до подрумот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ти си ми златна и бисерна, малечка…
На денешен ден, 20 октомври, во 1915…
Провинцијата Алберта во Канада убедливо го отфрли…
Канадската провинција Алберта категорично го отфрли планот…
Хегсет бил во Израел на необјавена средба…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, вчера…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…
Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…