Мендух Тачи излегува од Европскиот фронт, ќе комуницира само со Ахмети
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напуштил Европскиот фронт. Ваквата одлука ја потврдиле и од неговата матична партија, нагласувајќи дека нема да бидат повеќе дел од опозициската коалиција, но дека Тачи ќе остане само во комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт. Претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.
За разлика од ваквото соопштение, Ахмети и покрај вчерашното отсуство на Тачи на вчерашниот настан на коалицијата, вели дека тој продолжува да биде на линија со Европскиот фронт.
„Имаше други обврски. Зборував и пред средбата и по средбата. Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема“, нагласил Ахмети, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава.
По заминувањето на Тачи, Европскиот фронт останува со 17 пратеници во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Состојбата на фронтот е монструозна и…
Состојбата на фронтот за украинскиот претседател Володимир…
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…
Грузија одбива да отвори воен фронт со…
Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили смета дека многу…
Пекол на фронтот: Хаотично гранатирање во Бахмут
Градот Бахмут во источна Украина се соочува…
(Видео) Тачи: Бугарите ќе бидат трети по…
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи синоќа во…