Објавено на:

Грузија одбива да отвори воен фронт со Русија

t

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили смета дека многу странски сили се обидуваат да ја вовлечат неговата земја во воен конфликт со Русија.

„Во Украина се очекува уште поголема ескалација на конфликтот, а многу странски сили се заинтересирани за отворање „втор фронт“ на територијата на Грузија. Како инаку да се објасни дека претседателот на Украина Зеленски, за време на конфликтот во неговата земја, наоѓа време да им се обрати на илјадниците учесници во деструктивната акција во Грузија Ова е директен доказ дека овој човек е мотивиран да промени нешто и кај нас“, додаде тој.

Тој потсети и на изјавите на други украински политичари кои изјавија дека треба да се смени владата во Грузија и да се отвори „втор фронт“.

Според него, вклучувањето на Грузија во вооружен конфликт со Русија било планирано од одредени надворешни сили одамна. Гарибашвили не се сомнева дека неколку месеци пред почетокот на конфликтот во Украина, поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, беше испратен во Грузија „со многу специфична задача – да изврши државен удар и да ја вовлече Грузија во конфликт во вистински момент“.

„Знам дека неколку десетици луѓе дојдоа од Украина. Сакам да апелирам до нив: немајте илузии и очекувања дека нешто ќе се случи овде. Нема да се случи ништо, браќа. Посакувам сите борци во Украина да се вратат кај своите семејства со добро здравје, но не паѓање на валкани провокации.Знаеме многу повеќе отколку што можат да замислат.Земјата е силна…додека (партијата) Грузиски сон е на власт нема да дозволиме отворање на втор фронт, тоа не доаѓа предвид“, заклучи Гарибашвили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ја обвини Русија за „хибридни малигни…

Северноатлантската алијанса ја обвини Русија за „хибридни…

Британскиот МНР Камерон: Украина има право да…

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид…

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети,…

Русија во нападите врз Украина во април…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…