Објавено на:

Пекол на фронтот: Хаотично гранатирање во Бахмут

t

Градот Бахмут во источна Украина се соочува со силен артилериски оган, а украинските бранители кои се држат со месеци се подготвуваат за нови копнени напади, соопштија локалните власти.

„Градот, предградијата на градот и во основа целата насока на Бахмут и Костијантиновка се под лудо, хаотично гранатирање“, рече Володимир Назаренко, заменик командант на украинскиот баталјон Свобода, додека украинската војска објави дека 16 населби во близина на Бахмут биле бомбардирани.

Претседателот Володимир Зеленски им се заблагодари на украинските војници за „спречувањето на окупаторите да го опкружат Бахмут“. Преземањето на Бахмут ќе ѝ даде на Русија нова основа во регионот Доњецк и ќе претставува ретка победа по неколкумесечни неуспеси.

Бахмут е територијата на која се бори паравоената формација Вагнер, предводена од Евгениј Пригожин, кој тврди дека членовите на таа платеничка организација го окупирале селото Красна Гора, на северниот раб на Бахмут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Состојбата на фронтот е монструозна и…

Состојбата на фронтот за украинскиот претседател Володимир…

Толку од офанзивата, Украина се спрема за…

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…

Украинците се пофалија: Овоивме село јужно од…

Укаинската амрија се пофали денес дека нејзините…

Зеленски го посети фронтот кај Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја…

Украински командант тврди: Заробивме руски војници во…

Командантот на украинската армија Александар Сирски тврди…