Мендух Тачи: Ова е најлош предлог од Глигоров досега, следниот ќе биде уште полош!

t

Од времето на претседателот Киро Глигоров, до денес, ова е најлош предлог, рече во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 Мендух Тачи, според кој наредниот предлог ќе биде уште полош.

Имам 30 годишна политичка кариера. Ќе кажам дека ова е најлошиот предлог до сега, од времето на Киро Глигоров до денес. Наредниот ќе биде уште полош предлог, посочи тој.

Тачи вели дека нема шега со меѓународниот фактор.

Тие ти нудат компромис. Треба компромис за подобра иднина. Ова не е француски предлог, ова е предлог на ЕУ. Со овој договор дефинитивно ставаме крај на влијанието на Русија во Македонија. Никој не вели дека е дискутабилен македонскиот јазик и идентитетот на Македонците. Албанците имаат разбирање и се на страната на нивните сограѓани Македонци, вели Тачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тачи: Бугарите ќе бидат трети по…

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи синоќа во…