МЕПСО доби нов директор од редовите на ВЛЕН
За директор на Управниот одбор во МЕПСО е именуван Бурим Латифи кој доаѓа од редовите на коалицијата ВЛЕН. Министерството за транспорт и врски како главен акционер на МЕПСО ги именуваше и членовите на Надзорниот совет на компанијата.
За членови на се избрани: Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска-Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ.
Во Управниот одбор, покрај Бурим Латифи, Александар Пауновски е избран за заменик-директор, а за членови се именувани Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.
Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор, приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и одржлив развој на компанијата се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните кросиници.
Притоа Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе придонесат за унапредување на преносната мрежа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте загриженоста во Иркутск: Откажана традиционалната градска…
Градските власти во Иркутск, Сибир, ја откажаа…
Трамп потврди: Имаше закана за американските бомбардери…
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските…
Сиљановска-Давкова: ЕУ вели дека нема проблем со…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Македонија презела…
Арагчи: Иран ќе ги искористи сите дипломатски…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Братот на кралот Чарлс ја тужи полицијата…
Поранешниот британски принц Ендрју Маунтбатен-Виндзор отвори правна…