Меркел: Не жалам за мојата одлука Германија да се снабдува со руски гас!

t

Поранешната канцеларка Ангела Меркел изјави дека не жали што ја прифатила Русија како главен снабдувач на гас во Германија за време на нејзиното 16-годишно владеење.

Зависноста на Германија од руската енергија беше изложена како Ахилова пета за Берлин по инвазијата на Москва на Украина.

Но, кога беше канцеларка на најголемата европска економија, Меркел рече дека Германија треба да го зголеми увозот на гас за да го пополни недостигот на енергија бидејќи ја намалува употребата на нуклеарна енергија.

„Беше многу рационално и разбирливо да се добива гас преку цевководи од Русија, кој беше поевтин од ЛНГ (течен природен гас) од другите делови на светот како САД, Саудиска Арабија или Катар“, рече таа за новинарите во Лисабон. „Дури и за време на Студената војна, Русија беше сигурен снабдувач на енергија“, истакна Меркел, која израсна зад Железната завеса во комунистичка Источна Германија. „И во тој поглед, воопшто не жалам за мојата одлука. Наместо тоа, мислам дека тоа беше вистинската од перспектива на времето.

Таа, исто така, ги отфрли шпекулациите дека нејзината подготвеност да склучи договори со претседателот Владимир Путин е обид да ја промени Русија преку трговија.

„Никогаш не верував дека постои такво нешто како промена преку трговијата, но дефинитивно имаше врска преку трговијата“, рече таа.

Меркел беше во главниот град на Португалија како претседател на жирито за наградата Гулбенкијан за хуманост.

„Рускиот брутален напад врз Украина принуди да се промени начинот на кој Германија се однесува кон Москва“, додаде Меркел, „и новата влада го прави токму тоа“.

Поранешната германска канцеларка ја напушти политичката сцена во декември 2021 година по четири последователни мандати на највисоката германска функција како високо почитуван светски лидер. Само два месеци подоцна избувна руската војна во Украина. Таа и нејзината коалиција на конзервативци и социјалдемократи се најдоа на удар особено поради енергетските зделки што ја оставија Германија зависна од Русија за 55 отсто од нејзините испораки на гас. Нејзината поддршка за контроверзниот гасовод Северен тек 2, кој требаше да го удвои снабдувањето со руски гас за Германија, исто така долго ги нервира сојузниците. Проектот беше прекинат од актуелниот канцелар Олаф Шолц на крајот на февруари поради руската агресија.

Откако се повлече од политиката, Меркел имаше само неколку јавни настапи, но остро ја осуди војната на Путин. Таа, исто така, рече дека има „најголема почит“ за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…