Мерко: Ако е во ред да колеме јагниња и овци, зошто да не и кучиња

t

Од „Анима мунди“ реагираа дека Мерко треба да се казни бидејќи ова е говор на омраза кој поттикнува и промовира насилство. Со вакви сфаќања, велат, човек не смее да биде политичар, а уште помалку градоначалник. Тој, велат од невладината, личи како да му застанала општествената еволуција
Ако можеме да колеме јагниња, да колеме телиња и овци, да тепаме диви животни, да ловиме риба и сето тоа да е во ред, зошто не е во ред да се заколи куче – изјави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на вчерашната редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, на која, меѓу другото, стана збор и за проблемот со кучињата скитници.

Според градоначалникот на Струга, во ред е граѓани да чуваат кучиња како домашни миленици, но како што рече, сите останати не може да се чуваат.

„Тие од ‘Анима мунди’ ми велат дека законот предвидува оти ризичните кучиња треба да се уништат, но од каде да знаеме ние кое е ризично? Знае ли министерот за внатрешни работи кој човек е ризичен во државата и убива луѓе? Луѓе се убиваат, па некој не сноси одговорност, а ако се тепаат кучиња треба градоначалниците да сносат одговорност? Не може оваа работа“, кажа Мерко.

Струшкиот градоначалник додаде дека порано проблемот со кучињата скитници се решавал така што се распишувале тендери со ловните друштва, а тие ноќе излегувале на терен и го ликвидирале секое куче кое, како што рече, е надвор од контрола.

„Јас имам еден предлог за измени и дополнување на законот, според мое видување, но тоа треба да го направиме заеднички. Едно време сите ги тепавме и со закон бевме поддржани“, додаде првиот човек на Општина Струга.

Ваквата изјава на градоначалникот доаѓа само два месеци откако во Струга имаше масовно убиство на кучиња со огнено оружје низ улиците во градот.

Со остра реакција на изјавата на Мерко се јавија од невладината „Анима мунди“, велејќи дека со ова тој јавно охрабрува убивање кучиња и му порачаа дека ова не е племенски сојуз туку држава.

„Законите, стратегиите постојат за да се унапредуваат, а со идеите за тендери со ловни друштва и убивање на секое куче од улица, закана сте по сè што е цивилизациска придобивка, претставувате опасност и ја срамите Струга. Ова е говор на омраза кој промовира и поттикнува насилство за што треба итно да се биде казнет! Со вакви сфаќања, повици и изјави човек не смее да биде политичар, уште помалку градоначалник на град и атрактивна туристичка дестинација во нашата држава. Од една страна Струга со сите свои убавини, од друга градоначалник кај кој личи дека општествената еволуција застанала, за кого емпатија и хуманост се непознати поими а насилството, безредието, убивањето животни посакувана норма“, се вели во реакцијата на „Анима мунди“.

Компаративно одобрување на помало убиство – животно, додаваат оттаму, не може никогаш да го прави истото дело оправдано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија замрзна руски имот вреден 5,8 милијарди…

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од…

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…

Заев за „Отворен Балкан“: Напуштање на регионалните…

Поранешниот премиер Зоран Заев е дециден дека…

Да земјотреси утринава ја стресоа Анталија

Два земјотреси со јачина од 3,9 го…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…