Објавено на:

Мерцедес размислува за производство на оружје: „Подготвени сме да играме улога во овој процес“

t

По Фолксваген, и Мерцедес размислува за премин во производство на оружје, објавуваат германските медиуми.

„Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да играме позитивна улога во овој процес“, рече извршниот директор на Мерцедес Бенц, Ола Керлениус, во интервју за Волстрит журнал.

Керлениус верува дека автомобилската индустрија е позната по производство на „висококвалитетни прецизни машини“ и затоа е погодна за производство на оружје. Во исто време, тој рече дека производството на автомобили ќе остане основен сектор на Мерцедес, а производството на оружје ќе биде споредна активност.

Ова може да биде „растечка производствена ниша што би придонела за целокупниот деловен резултат“, рече Келлениус, додавајќи дека Мерцедес веќе активно учествува во зајакнувањето на безбедноста и подготвеноста на НАТО.

„Многу варијанти на нашата G-класа работат низ целиот свет како воени возила“, нагласи Келлениус. Пред Мерцедес, Фолксваген, исто така, го објави својот влез во воената индустрија.

Според германските медиуми, фабриката за каросерии во Оснабрик би можела да ја преземе израелскиот концерн Рафаел, кој би произведувал делови за својот противракетен систем „Железна купола“ во северна Германија.

Извршниот директор на „Фолксваген“, Оливер Блуме, исто така, најави зголемено вклучување во секторот за воени транспортери. Германската автомобилска индустрија се соочува со пад на побарувачката веќе неколку години по ред и најави отпуштања на неколку илјади работници и затворање на фабрики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…

Европа сака да произведува повеќе дома и…

ЦИА предупредува за руска закана со дронови…

Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…

Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…

Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…