Мерц бара значително намалување на буџетот на ЕУ: „Ниту една членка не може ова да си го дозволи“

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека е посветен на зачувувањето на Европската Унија и дека прави сè за да се обезбеди таа да остане способна да дејствува и да остане суверена, но дека во моментов е многу критичен кон ситуацијата бидејќи во тек се исклучително тешки преговори.

Тој во пресрет на самитот на ЕУ, кој денеска и утре се одржува во Брисел, рече дека заедничкиот буџет мора значително да се намали во споредба со предлозите на Европската комисија, бидејќи ниту една држава членка на Европската Унија не може да си дозволи да плаќа придонеси за Европската Унија во толкава мера.

„Моменталниот предлог е за 50 проценти поголем од она што го финансираме во тековната повеќегодишна финансиска рамка. Затоа се соочуваме со многу, многу тешки преговори. Исто така, не очекувам дека ќе постигнеме договор овој викенд. Сепак, важно е уште еднаш да разговараме за приоритетите што сакаме да ги поставиме. Според мое мислење, приоритетите се конкурентноста и одбраната.

Напредуваме во овие области, иако не толку колку што всушност очекував на почетокот од годината“, рече тој.

Тој додаде и дека прашањата за намалување на бирократијата во Европа и финансиите на Европската Унија се многу цврсто поврзани и дека доколку ЕУ не успее значително да ја намали прекумерната бирократија во Европа, тогаш има релативно мала смисла да се разговара за пари.

„Уште еднаш: Европа мора да остане способна да дејствува и да остане суверена, а тоа е задача која, според мое мислење, во моментов не ја исполнуваме доволно“, заклучи Мерц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…