МЕРЦ ПОДНЕСУВА ОСТАВКА?!
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе ја напушти функцијата до католички Божиќ, односно до 25 декември, оцени денеска основачката на партијата БСВ, Сара Вагенкнехт.
„Поаѓам од претпоставката дека Фридрих Мерц за Божиќ повеќе нема да биде канцелар“, изјави Вагенкнехт во интервју за мрежата РНД.
БСВ засега е единствената партија што изрази подготвеност за соработка со Алтернатива за Германија (АфД), со што на таа партија ѝ се отвори можност да предводи покраинска влада.
Зборувајќи за можната соработка, Вагенкнехт ја предупреди АфД да не се откажува од формирањето влада и со тоа да го отвори патот за нови предвремени избори во Саксонија-Анхалт.
„Нема да подлегнеме на уцени. Поаѓам од претпоставката дека, ако АфД сериозно смета на нови избори, многу нејзини гласачи ќе се запрашаат каков е односот на партијата кон нивните гласови“, изјави Вагенкнехт.
Таа рече дека лидерот на Алтернатива за Германија (АфД) во Саксонија-Анхалт, Улрих Зигмунд, би морал да биде подготвен без поддршката на БСВ да ја преземе функцијата покраински премиер и да формира малцинска влада.
Евентуалните нови избори би можеле повторно да го остават БСВ надвор од покраинскиот парламент, но и АфД би имала причини да ги избегне, оцени Вагенкнехт.
„Нам не може да ни се закануваат. Претпоставувам дека, ако АфД сериозно се залага за нови избори, и многу нејзини гласачи ќе се запрашаат каков е тој однос кон нивните гласови“, изјави Вагенкнехт.
Таа додаде дека е „сосема можно“ по новите избори повторно да се формира мнозинство од традиционалните партии.
Во АфД многумина сметаат дека формирањето нова влада, дури и по изборите во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин, би можело да потрае уште неколку недели.
Вагенкнехт, меѓутоа, се надева на можност да предложи „натпартиски премиер“, за што се залага и во Мекленбург-Западна Померанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МЕРЦ ПОДНЕСУВА ОСТАВКА?!
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе ја напушти…
Специјалниот суд: Не е докажано постоење на…
Специјализираниот суд во Хаг утврдил дека не…
Кризата со горивото добива нова димензија: Редици,…
Глобалниот енергетски пазар повторно се најде под…
Фаризи за протестите на Ахмети во Приштина:…
Али Ахмети секогаш протестира за себе и…
По две години бегство: Во Арачиново уапсен…
Лице барано со централна потерница и во…