Мерц: „Ќе ѝ покажеме на Русија каде се нејзините граници“

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека руските амбиции не се ограничени само на Украина, туку претставуваат поширока закана за Европа и нејзината безбедност. Говорејќи на 25 ноември, за време на расправата за буџетот, тој порача дека Москва има јасни цели кои ги надминуваат рамките на војната во Украина.

„Русија точно знае што сака и сака повеќе од Украина“, изјави Мерц, додавајќи дека секој што не го разбира тоа или не ја согледува реалноста или има поинаква агенда, спротивна на слободата и демократските вредности на Германија.

Германскиот канцелар оцени дека неговата земја предолго ги занемарувала прашањата поврзани со одбраната, инфраструктурата, демографските промени и економијата, поради што сега мора итно да се посвети на нивно решавање.

LANDOV МВР тврди дека Горан оштетил инвентар во станицата по приведувањето во Охрид
Тој предупреди и на зголемување на тензиите во повеќе региони. Според Мерц, Русија врши притисок во балтичкиот регион, во Полска, на Црното Море, па дури и во вселената. Притоа, тој тврдеше дека ескалацијата се одвива и на германска територија, понекогаш со човечки жртви.

„Како Европејци, мораме да ѝ поставиме и ќе ѝ поставиме јасни граници на Русија“, порача Мерц.

LANDOV Трифуновски: Со околу 20.000 евра оштета, МВР ми купи стан — но тоа се пари од граѓаните
Предупредувањата доаѓаат во период кога западните разузнавачки служби, според претходни извештаи, изразиле загриженост дека Москва би можела да постави во орбитата сателит опремен со нуклеарна боева глава.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе се брани од сите закани во вселената, откако се појавија информации за наводни руски подготовки за лансирање таков сателит. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пак, повика на смиреност во однос на овие тврдења.

Безбедноста во вселената така станува уште една чувствителна тема во односите меѓу Русија и западните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц: „Ќе ѝ покажеме на Русија каде…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека руските…

Хрватска, Унгарија, Бугарија и Грција со вета…

Помина долго време од последното проширување на…

Протестен марш против насилството врз жените денес…

Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска, на Меѓународниот…

Клековски очекува наскоро да добие пристап до…

Министерот за здравство Сашо Клековски очекува наскоро…

Уапсени се братот на Давор Мацура и…

Уапсени се Дубравко Мацура, брат на сопственикот…