Мершајмер: Украина ќе биде нефункционална држава без голем дел од територијата
По завршувањето на конфликтот, Украина ќе биде „нефункционална држава“ која нема да ги исполни критериумите за влез во Европската унија или НАТО, пишува хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг пост“.
„Русите нема да ја освојат цела Украина. Но, Украина ќе изгуби големи делови од својата територија. Русите сакаат да освојат повеќе од 23 проценти што веќе ги освоија. Мојата прогноза е дека ќе освојат околу 43 отсто од Украина – полуостровот Крим и осум различни региони. Тоа ќе биде навистина голем дел од територијата“, изјави американскиот аналитичар Џон Мершајмер.
Тој нагласи дека не гледа перспектива за мирно решавање на конфликтот во Украина. Според него, ниту една страна нема да направи територијални отстапки, затоа конфликтот веројатно ќе биде замрзнат порано или подоцна.
„Она што ќе остане од Украина ќе биде нефункционална држава која нема да може да оди во значајна војна против Русија. А исто така нема да ги исполни критериумите за влез во ЕУ и НАТО“, рече Меаршајмер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…