Меси: Верувам дека Марадона би бил среќен што го подобрив неговиот рекорд

t

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси го коментира своето достигнување во репрезентацијата во кое го надмина легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона. Меси го одигра својот 22. натпревар на светските првенства за репрезентацијата на Аргентина во синоќешната победа од 2:0 над Полска, со што го подобри рекордот на Марадона од 21 настап за „гаучосите“ на мундијалите.

„Многу бргу дознав дека го соборив неговиот рекорд. Не го знаев тоа. Среќен сум што можам да продолжам да поставувам такви рекорди. Верувам дека Диего би бил многу среќен за мене бидејќи секогаш ми покажуваше многу љубов. Тој секогаш беше среќен, кога сè ми одеше добро“, изјави Меси, цитиран од „РМЦ спорт“.

Репрезентацијата на Аргентина се пласира во осмина-финалето на Светското првенство во Катар 2022 година завршувајќи на првото место во својата група. Во осмина-финалето Аргентинците ќе играат против Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…