Меси не играше за Мајами, па го откажа настапот и за следните два меча на Аргентина!
Лионел Меси не беше во составот на Интер Мајами во синоќешната победа на гостувањето кај Ди-Си Јунајтед (3-1) во меч од МЛС лигата, а сигурно ќе го нема ниту на претстојните две пресметки на репрезентацијата на Аргентина.
Еден од најдобрите на сите времиња го откажал настапот за „гаучосите“ на пријателските пресметки против Салвадор (23 март) и Костарика (26 март), обете закажани токму на територија на САД.
Причина за отсуството на Меси е неговата рехабилитација по повредата на мускулот, а засега единствена непознаница е дали тој ќе биде во репрезентативниот камп на Аргентина да им даде поддршка на соиграчите или, пак, ќе продолжи да се лечи во својот тим на Флорида.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција наскоро ќе произведува 15.000 воени дронови…
Грчките државни воени фабрики наскоро ќе можат…
(Видео) Поради потенцијални напади од други држави…
Националната канцеларија за ревизија откри дека владата…
Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал…
Бубрег од свиња пресаден кај пациент од…
Пет земји од ЕУ преговараат за центри…
Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска…
ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…
Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…