Објавено на:

Меси по осми пат ја доби „Златната топка“

t

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои „Златната топка“ за најдобар играч на планетата за сезоната 2022/2023. Аргетнинецот наградата ја освои пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

„Франс фудбал“ во Париз по 67. пат во историјата ја додели престижната награда, а осми пат лауреат е Меси.

Меси, рекордерот по број на награди, триумфираше и во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.

Меси сега има осум Златни топки. Кристијано Роналдо стигна до пет, а Марко Ван Бастен, Мишел Платини и Јохан Кројф имаат по три.

Аргетнинецот минатото лето дојде во Интер од Мајами, од Пари Сен Жермен.

Впрочем, тој ја обезбеди „Златната топка“ со освојувањето на Светското првенство со аргентинската репрезентација во Катар минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меси по осми пат ја доби „Златната…

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои „Златната…