Објавено на:

Меси: Сакам да ме паметат како добар и нормален човек, а не само како врвен спортист!

t

Најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси, кој освои сѐ што можеше да се освои во кариерата и за многумина е најдобриот фудбалер на сите времиња посочи дека повеќе сака да го паметат луѓето како нормален и добар човек одошто како врвен спортист.

Меси реши да избега од најголемата сцена и фудбал продолжува да игра во САД, откако договори тригодишна соработка со Интер Мајами, па откако деновиве откри дека скоро невозможно е да игра и на следното Светско првенство во 2026 година, во интервју кај аргентинската новинарка Софи Мартинез одговори на прашањето како би сакале за 20-30 години луѓето низ светот да се сеќаваат на него.

„Што и да се случуваше, јас секогаш се трудев и се надевам дека успеав да испратам порака, пред сѐ кон новите генерации, кои секогаш ме следеа, ме бранеа, се грижеа за мене, а над сѐ сите сакам да ме паметат како добар и нормален човек, многу повеќе одошто како врвен спортист“, рече Меси.

Низа аргентински легенди веќе бараат од образовниот систем на Аргентина во основно училиште да се воведе пресмет „Лионел Меси“ и на новите генерации да им се објаснува патот кон успехот, колку еден човек мора да се жртвува за да ги исполни своите соништа, со директен пример за херојот на нацијата, од дете кое со хормонални проблеми и во потрага по лек стигна до ѕвездите.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…