Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

t

СДСМ – Штип обвинува за непотизам и судир на интереси при изборот на приватни специјализанти во Клиничката болница – Штип. Според партијата, меѓу примените се сопругата на градоначалникот Иван Јорданов и братот на поранешниот директор на ЈП „Стипион 2011“, Игор Ефремов.

Од СДСМ велат дека со ова се потврдува дека партиската припадност е поважна од стручноста и квалитетот. Тие бараат надлежните институции да го испитаат целиот процес на вработување.

-Незабележано не може да остане ниту ќерката на Биљана Ефтимова, која е началник на одделението за анестезиологија и член на УО на КБ Штип. Воедно го прашуваме Јорданов, до каде е изградбата на новата Клиничка болница, бидејќи во предизборието во 2021 година, во присуство на контроверзниот бизнисмен, сопственик на „Бетон“, ветуваше дека по промената на власта веднаш ќе се продолжи со работа, прашуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…