Место да тегне за уши дава втора шанса: Мицкоски ќе го разреши Идризи ако повторно одбие да се обрати на македонски јазик

t

-Ако мислите на моментот кога во рамките на Парламентот, директорот не се обраќаше на македонски јазик, јас разговарав со него и не очекувам дека тоа ќе се повтори. Ако се повтори ќе биде разрешен, рече Мицкоски.

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, добил жолт картон од премиерот Христијан Мицкоски откако во Собранието тој одби на новинарите да им одговори на македонски јазик. Мицкоски раговарал со него и како што вели не верува дека тоа ќе се повтори, но потенцира дека ќе го разреши директорот доколку се повтори.

-Ако мислите на моментот кога во рамките на Парламентот, директорот не се обраќаше на македонски јазик, јас разговарав со него и не очекувам дека тоа ќе се повтори. Ако се повтори, ќе биде разрешен – рече Мицкоски.

Вицепремиерот Иван Стоилковиќ во телевизиско интервју најави дека Владата ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. На прашање зошто Идризи не го користи македонскиот јазик во јавните настапи, Стоилковиќ рече дека „во вторник, на идната седница на Владата, 99% сигурно ќе биде разрешен“.

Тој во емисијата „На кавга со Иван“ рече дека лично на Влада ќе поднесе иницијатива Идризи да биде разрешен бидејќи го крши законот којшто треба да го штити.

Минатата недела, Идризи на новинарски прашања одговараше само на албански јазик, а на медиумите на македонски јазик им порача дека „после ќе им преведат“.

-И Законот за јазици треба да има преведувач – кажа директорот на Инспекторатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…

17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…