Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време со мала облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали.
T= 28 °C,
P= 978 hPa,
U= 50 %,
V= 6 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Метео предупредување:
Денес особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а повремено и во вид на краткотрајно невреме со појава на град и засилен ветер. Ќе дува и засилен северозападен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По…
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…