Метео: Дожд и грмежи цел ден и во текот на ноќта
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд во утринските часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а во недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…