Метео предупредување: Нестабилно време и обилни врнежи од дожд

t

Денес времето ќе биде променливо облачно, од пладне најпрвин во западните делови со врнежи од дожд, кои до вечерните часови ќе се прошират на повеќе места. Локално во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а попладне и кон крајот на денот повремено засилен ветер од јужен правец, информираат од ЦУК.


Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер.

Во Скопје денес во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд (за 12 часа се очекува да наврнат околу 15 л/м2). Утре попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…