Објавено на:

Метео предупредување: Попладневен град и пад на температурите за викендот

t

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време попладнево со пороен дожд, грмежи и услови за град. Топлото време со високи температури се задржува и утре, но за деновите од претстојниот викенд пристигнува влажен бран кој ќе предизвика пад на температурите и пообилни врнежи низ повеќе региони во земјата.

Во претпладневните часови денес температурите достигнаа 27,6 степени во Демир Капија, 27,3 во Гевгелија и 27 степени во Кавадарци. Во Скопје, на мерните станици Петровец и Зајчев Рид, во 11 часот беа измерени 26,5 степени, а најсвежо беше на Попова Шапка со 19,7 степени.

Попладнево сончевото време ќе премине во нестабилност. Поради големата енергија во атмосферата, на одделни места процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со силен ветер, интензивен пороен дожд и појава на град. Во Скопската Котлина исто така постојат услови за пороен дожд и електрични празнења во вториот дел од денот.

Четврток носи сличен временски развој. Претпладне ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а попладне повторно ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во главниот град утре ќе се задржи суво и сончево време со слаб до умерен јужен ветер.

Петок ќе биде најтоплиот ден од неделата, со максимални температури во интервал од 30 до 36 степени. Ќе преовладува сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Промената на временските прилики настапува во сабота под влијание на влажна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни, придружени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе бележи позначителен пад и ќе се движи меѓу 27 и 33 степени.

Нестабилното време со врнежи продолжува и во недела. Температурите ќе останат пониски во однос на работната недела, со максимални вредности од 27 до 32 степени, а минималните утрински ќе се спуштат до 11 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео предупредување: Попладневен град и пад на…

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време…

НАТО: Бројот на цивилни жртви во Украина…

Бројот на цивилни жртви во Украина го…

Мерц: АфД е „деструктивна сила“ која никогаш…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска остро ја…

Истражувач си замина од Антропик со морничаво…

Еден од истражувачите кои работеле на развојот…

Мерц: Планот на АфД за ремиграција е…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот…