Објавено на:

Метео предупредување: Следуваат екстремно високи температури до 40 степени – Се очекува голема суша

t

Македонија ќе ја зафати екстремно топол бран, кој ќе донесе изразито високи температури и висок УВ индекс, кој ќе достигне 10.

Ова со најавува метеорологот Славчо Поповски. 

– Според последните анализи кој ние ги направивме, податоците укажуваат на тоа дека  ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој го најавивме за од четврток па натаму и тоа како ќе ја зафати нашата држава, и ќе услови ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот, но и ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ – индекс со коефициент 10 – пишува Поповски.

Тој воедно укажува дека температурите од четврток па натаму насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, а во одредени локации дури и ќе надминуваат 40 степени.- Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. 

Се на се, пред нас е ГОЛЕМА СУША па затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари, и секако избегнувајте движење во шума – препорачува Поповски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По…

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…