Метео – Топло време за новогодишните празници
До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Од утре ќе има зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска.
Како што информира УХМР, од понеделник преку денот повремено ќе дува слаб до повремено умерен, претежно југозападен ветер.
Времето утре ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1 степен, а максималната од 7 до 16 степени.
Вo Скопје променливо облачно, од наутро магливо и тивко.
На 1 јануари 2024 година времето ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, а максималната температура од 9 до 16 степени. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата во еврозоната достигна 4%, енергијата поскапе…
Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4%…
Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат…
Европската комисија денеска го усвои Пакетот за…
Извештај припишан на Си-би-ес: Трамп размислува за…
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за смена…
Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…
Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната…