Метео: Убав ден во Македонија, температурите до 21 степен
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 11 до 21 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер со максимална дневна температура од 21 степен.
За утре се најавува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
До крајот на неделава времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, освен во сабота, кога кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во почетокот на следната седмица, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, засилен ветер и опаѓање на температурата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…