Метомил, супстанца штетна за луѓето, е откриена во пиперки од Македонија
– Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Северна Македонија, објави Европскиот систем за безбедност на храната (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна – RASFF).
Како што е наведено во соопштението за медиумите на таа европска организација, во пиперките увезени во Хрватска од Северна Македонија, по официјалната контрола на пазарот, гореспоменатата штетна супстанца е пронајдена на ниво од 0,049 милиграми метомил на килограм.
Дозволената содржина е 0,01 милиграми метомил на килограм, па бидејќи количината пронајдена во споменатите производи била пет пати поголема од таа, наредено е повлекување од пазарот на Европската Унија. Пазарната инспекција е спроведена на 23 септември, а официјалното известување е објавено на 3 октомври. Метомилот е инсектицид од типот карбамат кој е воведен во 1966 година и е познат по својата висока токсичност за луѓето и животните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се скарале па вперил пиштол кон луѓе…
На 29.08.2026 во 16:55 часот полициски службеници…
Лефков: Национален дата центар е и обврска…
СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога…
Србин е приведен на Табановце откако возел…
Триесет и четиригодишен државјанин на Србија е…
ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени…
Движењето ЗНАМ остро ги осуди, како што…
Влен до ДУИ: Ако имавте обезбедено пари…
Соопштение на ВЛЕН ВЛЕН ДЕНЕС ГРАДИ, ДУИ…