Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан усвоен во конечна фаза

t

Советот на ЕУ денеска во последна инстанца ја одобри Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, со што за да стапи во сила останува уште нејзино објавување на Службениот весник на Унијата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Механизмот претставува нов финансиски инструмент за реализација на Планот за раст за Западен Балкан на Европската комисија. Со средствата од Механизмот треба да се поддржат реформите во земјите од Западниот Балкан поврзани со нивниот пристапен пат кон ЕУ, како и да се поттикне економскиот раст во регионот. Инструментот е предвиден за периодот од 2024 до 2027 година и се очекува за шесте земји партнери на ЕУ од Западен Балкан да обезбеди две милијарди евра грантови и четири милијарди евра позајмици под поволни услови.

Главната цел на инструментот е да го поддржи усогласувањето на земјите од Западен Балкан со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на ЕУ, поврзано со идното членство во Унијата, како и нивната прогресивна интеграција во единствениот европски пазар и обезбедување на социјално-економско поврзување со блокот.

Преку Механизмот ќе бидат поддржани низа социо-економски и базични реформи, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и основните човекови права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…

Нападнато седиштето на Социјалистичката партија во Тирана…

На шестиот ден од насилните протести во…

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница,…

На предвремените избори за градоначалник на Општина…

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница,…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му…