Објавено на:

Механичар пронашол уметнички дела во штала, вредат милиони

t

Џеред Випл, механичар од Конектикат во САД , пронашол уметнички дела во штала во 2017 година, а по долгогодишно истражување дознал дека тоа се дела на Френсис Хајнс и вредат милиони долари.

Механичарот ги извадил делата покриени со нечистотија од контејнер со материјали пронајдени во штала во Вотертаун, а подоцна дознал дека пронајдените дела ги создал Френсис Хајнс, апстрактен експресионист кој починал во 2016 година на 96-годишна возраст и ги чувал своите дела во шталата, јавиле од Hearst Connecticut Media Group.

Хајнс бил познат по своите „завиткани парчиња“ во кои ткаенината била обвиткана околу предмет. Неговата уметност била споредувана со делата на Кристо и Жан-Клод, кои станаа познати по инсталации со обвивање низ Европа, вклучувајќи ја и Триумфалната капија во Париз.

Хајнс има обмотано повеќе од 10 згради во Њујорк, вклучувајќи го и плоштадот Вашингтон, аеродромот ЏФК и автобускиот терминал на пристаништето, изјавил кустосот и историчар на уметност Питер Хестингс Фалк.

Стотиците парчиња пронајдени од Випл вклучуваат слики, скулптури и мали цртежи. Хестингс Фалк проценил дека „завитканите“ слики може да се продаваат за околу 22.000 долари по парче, а цртежите за околу 5.000 долари.

Механичарот покажал дел од делата во галерија во Вотербери минатата година, а неодамна одлучил да продаде дел од уметничките дела. Випл ја истражувал работата на Хајнс и го контактирал семејството на уметникот кое, како што рече, му дозволило да ги задржи или продаде уметничките дела.

„Ги извлеков од овој контејнер и се заљубив во нив“, рече тој.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Механичар пронашол уметнички дела во штала, вредат…

Џеред Випл, механичар од Конектикат во САД…