Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во крах за да се оправда негова потенцијална приватизација

t

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, се обрати до заменик-министерот за енергетика, Мирослав Лабудовиќ, укажувајќи на сериозна загриженост поради хавариите во електроенергетскиот систем, зголемената енергетска зависност и драматичниот раст на долгот на АД ЕСМ.

Во врска со последната хаварија во РЕК Битола, Мециновиќ ги посочи информациите и сомнежите од јавноста дека можеби не е станува збор за технички дефект, туку несоодветно и сомнително постапување: „Вработени во РЕК Битола, кои се административни работници, биле принудени да учествуваат во чистење на РЕК Битола на прашина и пепел. Тоа е драматично затоа што прво е погазување на работничките права. Второ, е драматично затоа што фирма доби тендер од 2,5 милиони евра, за вршење на тие дејности, формирана два месеци пред тоа, притоа без историја за вакви дејности.“

Пратеникот укажа и на енормното зголемување на долгот на АД ЕСМ – од 165 милиони евра во третиот квартал од минатата година, на над 183 милиони евра по првиот квартал годинава: „Дали планирате да го продадете и овој дел од државните енергетски капацитети на приватни компании? Дали е тоа поентата? Дали се води државниот енергетски систем кон крах за да се оправда неговата приватизација? И дали можеби повторно ЕВН ќе биде тој кој ќе ја добие зделката, вака, интуитивно?“ – праша Мециновиќ.

И покрај директното прашање, заменик-министерот Лабудовиќ повторно избегна да даде суштински одговор, како што беше случај и со минатата седница за пратенички прашања.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во…

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од…

Дурмиши: Немавме инфлација, туку дефлација – Ако…

Овие беа краткорочни решенија за да им…

Во иста држава живееме? Финансирањето е стабилно,…

Буџетот е стабилен, домашниот пазар ја покрива…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста…