Мециновиќ за изјавата на Ескобар: Во ваков културолошки расизам и изворен фашизам доблест е да си политички екстремист
Еден православен народ и гнилиот Запад, културолошки разсизам и изворен фашизам, вака портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ ја коментира изјавата на заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар кој Македонците ги нарече православни од северна.
– Мирот на Блискиот Исток е условен од соработката помеѓу Иран и Саудиска Арабија, а тој ќе го стабилизира политички источниот Медитеран, вклучувајќи не и нас, како и економските врски помеѓу Европа и Азија.
НР Кина со дипломатска победа достојна на супер-сила наговестува за геополитички прилики на сплотување наместо расчеречување.
Во меѓувреме, во единствената држава во историјата која го сменила своето име по желба на друга држава и за влез во империјалистички воен сојуз кој се поткусурува со малите држави, државотворниот македонски народ беше ословен како православен – уназадувајќи нѐ негде до француската револуција.
Овој културолошки расизам и изворен фашизам кој се втурнал врз државата сепак се случува во време на големи превирања и мобилизирана домашна политичка структура спремна за одбрана.
И додека оваа понижувачка конвенционалност ја живееме, доблест е политичкиот екстремизам. – вели Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…