Мециновиќ: Матрицата на ДПМНЕ дека мандатот им е гарантиран може да се урне во Западна Македонија
„Оваа власт наметнува наратив кој е целосно антидемократски и ги оспорува можностите да кандидираме градоначалници каде што сметаме дека на граѓаните би им се допаднала платформата на Левица. Ова е за нас сериозен аларм за капацитетот на оддржување на изборите во демократска атмосфера!” – изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ
„ДПМНЕ има тенденција да ја сузбива опозицијата, но за среќа имаме кандидати способни за управување со општините.
Пример е нашиот одличен кандидат за градоначалник на Струга, тоа е пратеничката Јована Мојсоска, чиј капацитет може да им се допадне на многу граѓани на Општина Струга и тоа е сосема легитимно!
Коалиција со ДУИ не постои, ДПМНЕ има матрица на размислување дека мандатот им е загарантиран и дека не треба да излезат пред граѓаните. Тие кои ни ги имаат уништено општините практично сакаат да избегаат од клучната дебата – какви услови на живот ни имаат оставено, какви се општините финансиски и со каков капацитет на животни услови располагаме!”
– изјава на пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ за ТВ Шења
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија во жалост: 69 загинати во судир…
Бројот на загинати во железничката несреќа во…
Студентската листа бара оставки и пријавување на…
Претставници на Студентската листа и на студентите…
Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…
Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…
Карни: Канада ќе учествува во заемот на…
Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…