Мециновиќ: Удирате по уставно загарантираното право на граѓаните да си ги бираат своите претставници
,,Зошто сега кога Тимчо Муцунски е отиден за министер, граѓаните немаат право да бираат градоначалник?
Удирате по уставно загарантираното право на граѓаните да си ги бираат своите претставници на посредно демократски избори!”, истакна во својот говор, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на седница во Собранието на Р. Македонија, по однос на законите кои ДПМНЕ и ДУИ ги договараат на паралелни координации.
– Овој закон не само што не треба да се донесе по скратена постапка, туку без срам кажавте дека овој закон е ситуациски! Министрите кои ги повлековте во самата влада, ги оставија општините со кои раководат, апсолутно, во руинирана состојба. Така е со Аеродром, така е со Гостивар каде има рекордно ненормални долгови – образложи Мециновиќ.
Според Мециновиќ, ова е втор системски закон кој ДПМНЕ го гласа координирано со ДУИ.
– Дејствувате координирано со ДУИ во Собранието. Па, јас мислам дали, можеби, имате паралелни координации? Имате парламентарно мнозинство, имате двотретинско мнозинство, кое се координира кога треба да настапи, очигледно, пошто во три месеца, двапати двотретинското мнозинство се буди! Очигледно, цело време имате комуникација – потенцираше Мециновиќ, обраќајќи се до власта на ДПМНЕ.
Според Мециновиќ, Собранието е ставено во една функција на печатница на закони по желбата на Владата.
– Собранието не може да се издигне над потребата да ù штанца закони на Владата и да влезе во материјална дебата, која би допринела до квалитетни законски решенија, па поради тоа – не може да се очекува дека ќе има одговорни решенија за проблемите на граѓаните – појасни Мециновиќ.
Инаку, Левица побара оваа точка да биде симната од Дневен ред, затоа што беше предложена по скратена постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…