Објавено на:

Мецола: ЕУ треба да започне преговори со Македонија и Албанија

t

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола пред состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел изјави дека ЕУ треба да ги започне пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Таа додаде дека и ЕУ треба да започне разговори за доделување визна либерализација на Косово.

„Ова е ден кога треба да ги гледаме земјите од Западен Балкан како наши соседи и како земји кои треба да имаат свое место во ЕУ, која е нивен дом“, рече Мецола.

Во Брисел денеска започна дводневниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, на кој учествува и претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски.

На Самитот на кој учествуваат шефови на држави и влади на Европската Унија и од регионот на Западен Балкан ќе се разговара за пошироката Европа, Западен Балкан, Украина, апликациите за членство во ЕУ од Украина, Република Молдавија и Грузија, како и економските прашања и надворешните односи.

Пред состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе се сретнат и ќе разговараат за перспективите за европската интеграција на регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…

(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…

По серијата пожари, Франција се соочи со…

Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…

Отпочната реконструкцијата на патот Добри Дол –…

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска…