Меѓународен ден на мајчиниот јазик: Прочитајте неколку факти за македонскиот јазик

t

Денес се одбележува меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

По тој повод би сакале да објавиме неколку факти за македонскиот јазик, неговата историја, потекло, карактеристики и дијалекти.

1- Македонскиот јазик потекнува од семејството на индоевропските јазици, а е дел од групата словенски јазици, поточно квалификуван како јужнословенски јазик.

2 – Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија , а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија, каде што живее бројно Македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште.

Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Турција, Грција, во некои земји−членки на ЕУ и останатата македонска дијаспора.

Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според ценетиот јазичарички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија и северна Грцја но нема податоци за бројот на луѓето.

3- Во пописните инструкции од 1920  година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик во САД.

4 – Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

  • со решението на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава
  • со официјалното усвојување на македонската азбука на 5 мај 1945 година
  • со официјалното усвојување на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година

5 –  Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи, источна и западна група.

6 – Карактеристика на македонскиот јазик е акцентот кој е третосложен со определени исклучоци.

7- Прво дело објавено на македонски јазик е  „Слово исказаное заради умирание“, печатена 1814 г. во Будим и се претпоставува дека е дело на Јоаким Крчоски. Тоа е првата книшка на народен македонски јазик, составена од проповеди наменети за воспитување во христијански дух.

8 – За прв македонски роман се смета делото на Славко Јаневски “Село зад седумте јасени ” објавен во 1952 година.

9- Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” има објавено дело “Вистина и факти за македонскиот јазик” како реакција на бугарските провокации и негирањето на постоењето на македонскиот јазик.

Реакцијата може да ја прочитате на следниот линк http://imj.ukim.edu.mk/CMS/Upload/%D0%A0%D0%B5%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%91%D0%90%D0%9D%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BC%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC-12.5.20.pdf

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…

Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…

Во време кога се врши атак врз…