Објавено на:

Меѓународен скандал: Украинците заробија Кинези во руските редови, Зеленски бара објаснување од Пекинг

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили заробиле двајца кинески државјани кои, како што рече, учествувале во борбени операции на страната на руската армија.

Според него, заробувањето се случило во регионот на Доњецк, а кај уапсените биле пронајдени документи за идентификација, банкарски картички и лични податоци.

„Нашата војска зароби двајца кинески државјани кои се бореле како дел од руската армија на територијата на Доњецк. Пронајдени се документи на овие затвореници, банкарски картички, лични податоци“, рече Зеленски во објавата на „Телеграм“, која ја придружуваше со видео од еден од заробените мажи.

Зеленски тврди дека разузнавачките служби имаат информации кои укажуваат дека во руските единици има значително поголем број кинески граѓани од само овие двајца. Тој додаде дека сите факти се проверуваат, а истрагата ги вклучува разузнавачката служба, Службата за безбедност на Украина (СБУ) и вооружените сили на Украина.

Украинскиот претседател истакна дека му наложил на украинскиот министер за надворешни работи веднаш да стапи во контакт со Пекинг и да побара објаснување како Кина планира да одговори на оваа ситуација.

„Вклучувањето на Кина, директно или индиректно, во оваа војна во Европа е јасен сигнал дека Путин нема намера да ја заврши војната. Тој бара начини да ја продолжи. Ова дефинитивно бара одговор. Одговор од САД, Европа и сите оние во светот кои сакаат мир“, рече Зеленски.

Заробените кинески државјани моментално се под јурисдикција на Службата за безбедност на Украина, а во тек се оперативни и истражни дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…

Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…