Меџити: Казината се затвораат, на ред се брзите кредити

t

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, преку видео-порака на социјалните мрежи го поздрави новиот Закон за игрите на среќа. Меџити вели дека овој закон го исполнува ветувањето за „заштита на семејствата од ова проклетство“. Тој најавува дека ќе бидат преземени мерки и за регулирање на прашањето со брзите кредити.

„Несреќата од игрите на среќа подалеку од нашето општество. Денес започнува нашата правна борба против коцката и комарот. Ветивме дека ќе ги заштитиме нашите семејства од ова проклетство. Денес започнуваме со конкретни дејства. Воведуваме растојание од 500 метри од училиштата. Ги забрануваме рекламите за коцкање. Носиме построги правила за заштита на семејствата. Со години се зборуваше и протестираше против коцкањето, но казината секојдневно се множеа. А денес, без протести и без врева, даваме законски решенија, бидејќи кога даваме ветување пред граѓаните, не правиме пропаганда, туку го претвораме во реалност. Казината се затвораат, на ред се брзите кредити“, вели Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…