Меџити од Вашингтон: Поддршката од САД за одбранбениот сектор на Западен Балкан останува клучна

t

Безбедносните прашања за Западен Балкан и за Европската Унија, со фокус на потребата од зајакнување на одбранбените институции и зголемен ангажман на земјите од регионот во НАТО, биле главни теми на Меѓупарламентарниот безбедносен форум во Вашингтон, организиран од конгресмените Пит Сешнс и Роберт Адерхолт, на кој учествуваше и вицепремиерот Изет Меџити.

Во својот говор пред учесниците форумот, Меџити порачал дека поддршката на Соединетите Американски Држави за одбранбениот сектор на Западен Балкан, по кризата предизвикана од војната во Украина, била и останува клучна.

– Северна Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност, како одговорен актер и извор на извоз на регионалниот мир – истакнал тој.

На овој форум учествувале и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои ги споделиле своите искуства во безбедносните предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…