Меџити открива: Поранешниот директор на Онкологија велел дека не е исплатливо да се користи КАТО системот
Министерот за здравство Фатмир Меџити уште не побарал на писмено од екс-директорот на Клиниката за онкологија Нино Васев образложение и финансиска пресметка врз основа на која го отстранил КАТО системот од употреба на Клиниката и цитостатиците почнале да се подготвуваат рачно, со што се отворила и можноста за крадење и манипулација со дозите.
– За КАТО системот за контрола на лековите што подразбира контрола на цитостатици, ние пред 2 месеци беше компанијата што го донесе КАТО системот на Клиника за онкологија. Од директорот Нино Васев не знам зошто е прекината употребата на тој систем. Тој кажувал на зборови, немаме ништо на хартија, дека биле големи трошоците за тој апарат да функционира. Но како и да е, ги разгледуваме сите можности, но немавме отворени раце заради ребалансот на буџетот и сега имаме ребаланс, изјави министерот Меџити на денешниот настан во ГОБ 8 Септември каде се промовираше нова медицинска опрема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има повеќе болнички кревети на 100…
Во Европската Унија во 2024 година имало…
Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Ѓорѓиевски: Еднократна парична помош за онколошките пациенти
Во рамки на Програмата за активности во…
Хаос на судењето за „Онкологија 2“: Адвокатка…
Со хаос и парична казна за адвокататката…