Меџити повикува на мир: Нема да дозволиме да се укине Законот за Албанскиот јазик ниту пак да се наруши духот на соживотот
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на својот Фејсбук профил ги повикува сите да ги сочуваат ладнокрвноста и мирот.
Како што вели, во изминатиот период, Владата работела и продолжува да работи на надминување на предизвиците и на смирување на тензиите.
„Во врска со Албанскиот јазик, ние сме на иста страна со сите Албанци. Никој не треба да има ниту најмала дилема во врска со ова! Стекнатите права не смее да се укинуваат или скратуваат. За ова гаранција сме ние, претставниците на граѓаните во институциите. Како Влада работиме на изнаоѓање на долгорочни решенија за создадените и наследените проблеми и затоа ги усогласуваме дејствувањата, ставовите и определбите со сите релевантни општествени актери и фактори.
Владата е во постојана координација и дејствување. Заедно со Собранието и останатите општествени дејци со внимание го следиме секој јавен настап, секое дејство, секоја акција и реакција. Како одговорни институции нема да дозволиме да се укине Законот за Албанскиот јазик ниту пак да се наруши духот на соживотот гарантиран со Охридскиот договор.
Изразуваме поддршка за сите јавни иницијативи, било поединечни или колективни, чија што главна цел е да се заштити но и унапреди службената употреба на Албанскиот јазик. Дневните партиски препукувања се помалку битни од Албанскиот јазик.
Уште еднаш повикувам заеднички да го одржиме мирот и ладнокрвноста“, вели Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…
Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…
Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…
Цената на горивата расте, а со неа…
Високите цени на нафтата почнуваат да се…
Трамп за стравувањата од руски напад: „Полска…
Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да…
(Видео) Пентагон објави нови документи за НЛО
Пентагон денеска ја објави шестата серија документи…