Меџити: Сакаме да го обелиме образот на лекарите, затоа бараме Обвинителството да каже кој се огрешил на Онкологија

t

Министерот за здравство, доктор Фатмир Меџити во утринското гостување во „Слободен печат“ изјави дека не може да споделува никакви информации околу предистрагата за предметот Онкологија која ја води Јавното обвинителство, но дека главниот негов фокус како лекар, е да се отстрани дамката од образот на лекарската фела и доколку има виновници, тие да го сносат товарот на кривичната одговорност и да бидат обелоденети.

-Целата јавност ја интересира случајот Онкологија. Ние во Министерството за здравство бевме отворени да ја доставиме целата документација во Обвинителството. Обвинителството е истражен орган надлежен за овој случај. Не можеме да кажеме ништо околу случајот, дури и да имаме некои информации како кабинет или на лична основа, бидејќи не сакаме да го опструираме процесот и да вршиме притисоци. Не интересира товарот кој го носат здравствените работници да го тргнеме од нив. Сакаме да го обелиме нашиот образ. Затоа повикав Обвинителството да излезе со информации и ако некој згрешил пред законот во државата, да ги сноси последиците,

На 5 декември Клиниката за онкологија распишала тендер за да го врати во употреба КАТО системот за компјутерска подготовка на цитостатиците, кого од 2017 година воопшто не го користеле. Цитостатиците наместо компјутерски, ги подготвувале со рачно дозирање, каде што секоја медицинска сестра задолжена за подготовката, рачно и со шприц ги мерела дозите.

Со КАТО системот станува невозможно да се даде погрешна доза ниту поради грешка, ниту поради кражба, поради тоа што секој администриран лек за онколошкиот пациент поминува строга контрола и следење со бар-кодови од влезот во болничката аптека се до администрирањето кај пациентот. Министерот Меџити тврди дека првиот состанок меѓу него и претставници на компанијата што го изработила системот КАТО, бил пред да пукне скандалот.

-Со набавката е нарачана комора за приготвување на биолошката терапија, соодветно софтверско решение односно софтверски надоградби на системот. Сакам да истакнам дека целосно ставање во функција на КАТО системот очекуваме на крајот на јуни 2024 година. Ќе биде потребна и соодветна обука на кадарот, истакна доктор Меџити.

Инаку, на Клиниката за онкологија во моментот кога бил набавен КАТО системот обучени биле 15 медицински сестри да работат на овој систем, но сега останата е само една а другите се во приватни компании или во други здравствени установи во земјава и во странство.

-Нашата цел е да има точна контрола врз скапата биолошка терапија и да има точно дозирање за да нема повеќе инсинуации или некоја злоупотреба. Во никој случај нема да дозволам злоупотреба. Акцелераторот кој фаќаше прашина на Клиниката за онкологија веќе е во функција и се работи со максимален капацитет од 4 акцелератори. Во ГОБ „8 Септември“ каде има само онколошка амбуланта, се подготвуваме да екипираме кадар и да отвориме оддел. Веќе има двајца онколози таму. Потребен ни е физичар. Работиме во Битола да се стави во употреба акцелераторот но се работи за сензитивни апарати и за тоа ќе ни треба време. Во Тетово отворивме оддел за онкологија и размислуваме и таму да имаме бункер за нов акцелератор, изјави министерот додавајќи дека Министерството за здравство работи на тоа да ги дисперзира сите надлежности на УКРО во другите градови.

Тоа всушност беше и една од препораките на Државниот завод за ревизија, кој препорача онколошките услуги да се дисперзираат во внатрешноста, а не да бидат концентрирани само на УКРО каде досега паѓаше најголемиот товар од онколошката дејност во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим…

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и…

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван,…

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна…

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана…

Мојсковска: Левица со антикорупциска платформа ќе се…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…

Таџикистан им нареди на своите граѓани привремено…

Министерството за надворешни работи на Таџикистан упати…