Меџити: Утрово пиев кафе со професорот Јовев, но одлуката за разрешување не ја преиспитувам
Професор д-р Сашко Јовев чие разрешување од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија предизвика бурни реакции во јавноста, ќе продолжи да работи како доктор на кардиохирургија, но нема да се врати на функцијата, потврди министерот за здравство Фатмир Меџити.
– Утринското кафе го испивме заедно со професорот Јовев и тој ќе продолжи да работи на клиниката заедно со својот тим. Почитуваниот професор ја има мојата потполна поддршка да ги извршува своите задачи. Тој е мој добар другар и мој колега.
Ќе се залагам со ребалансот на буџетот националната програма за трансплантациа да добие многу повеќе средства.
На прашањето дали ќе ја преиспита одлуката за разрешувањето на д-р Сашко Јовев од функцијата директор на државна кардиохирургија, Меџити рече:
– Кога министерот донесува одлука и таа не се преиспитува, тоа е апсолвирано прашање, да не се повторувам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама за победата на Студентската листа: Србија…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…
Руската вакцина против рак даде резултати, кај…
Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…