Меџити-Љашко: Од голема важност за Украина е помошта во лекови од Македонија

t

Украина и Македонија може да соработуваат во рамки на Програмата за меѓународно медицинско партнерство, која се спроведува под покровителство на првата дама на Украина, Олена Зеленска. За ова, меѓу другото, денеска разговарале министерот за здравство Фатмир Меџити и неговиот украински колега, Виктор Љашко. Во видео разговорот двајцата министри зборувале за соработката меѓу двете земји.

„Украинскиот министер изрази благодарност до нашата Влада и до Министерството за здравство, за хуманитарната поддршка на Украина. Љашко истакна дека од голема важност за граѓаните на Украина е придонесот во здравствената заштита како и хуманитарната помош, која од страна на МЗ во повеќе наврати изминатиов период беше донирана до Украина. Хуманитарната помош се состоеше во лекови и медицински средства, медикаменти и антибиотици“, наведено е во соопштението на министерството.

Министерот Меџити кажал дека земјава секогаш знае да понуди помош и поддршка во заштита на цивилното население и да биде хумана и солидарна во најтешките моменти. На видео состанокот биле разменети мислења и за соработка на здравствените институции меѓу двете министерства, кои би се состоеле во размена на искуства за актуелните проблеми во областа на здравствената заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…

Почина поранешниот американски сенатор Рокфелер, наследник на…

Џон Д. „Џеј“ Рокфелер Четврти, наследник на…

Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…