МЗТ Скопје Аеродром го освои Купот на Македонија
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие вечерва во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70.
Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале.
Најдобар играч на натпреварот беше Меквин Смит со 23 поени. Воедно тој го доби признанието МВП.
Во победничкиот тим се истакнаа и Гил со 17 поени, Магдевски постигна 12, Танасковиќ имаше двоен број на поени и скокови – по десет.
Луковиќ заврши со 13 поени (и седум скока). Ист број на реализации за МКК Куманово дојдоа од Ѓуроски кој имаше и четири скока, додека Митевски додаде 13.поени (три скока и две асистенции).
Тимот на Куманово беше немоќен да направи нешто повеќе, а очигледен беше заморот кај играчите од двете напорни средби во четвртфиналето со Пелистер и во полуфиналето со ТФТ.
Финалето се одигра пред околу 3.500 илјади гледачи кои направија извонредна атмосфера.
Куманово се покажа како одличен организатор на купот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парното поскапува од 1 декември, сметките во…
Од 1 декември цената на топлинската енергија…
Вo текот на минатата недела се отстранети…
Во текот на изминатата седмица, екипите на…
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…