МЗШВ: Исплатени се над 15,3 милиони денари за органско производство на 987 земјоделци
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е реализирана исплата во вкупен износ од 15.372.229 денари на 987 корисници од Програмата за органско производство за 2024 година.
„Од вкупниот износ, за сертификација се исплатени 9.589.057 денари на 808 корисници, а за анализа на почва 26.830 денари на пет корисници.
За трговија со органски производи се исплатени 963.997 денари на 16 корисници, додека за преработка на органски производи се исплатени 185.904 денари на три корисници. За овошни насади се исплатени 4.606.441 денар на 155 корисници“, соопштија од МЗШВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Казино во Кичево крадело струја со уред…
Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…