МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

t

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.

Очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите и прописите на државата.

Секое прекршување на законите, користење на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано, и секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност.

Нагласуваме дека никој не е над законот и дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата.

За разлика од претходно кога СДС и ДУИ беа на власт и ги штитеа своите високи владини и партиски функционери, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата, позицијата или политичката припадност.

Повеќе нема привилегирани и заштитени, ќе одговара секој, без исклучок.

Ги охрабруваме земјоделците доколку во иднина се соочат со вакви работи, веднаш да пријават. Институциите функционираат и така ќе продолжат во иднина, транспарентно и одговорно во интерес на граѓаните и земјоделците се со цел заштитата на правниот поредок и владеењето на правото.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

Се укинува притворот за Перпарим Бајрами за…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје,…

Нуркачот Питала, кој истражи рекордна длабочина во…

Нуркачот Бартоломиеј Питала од Полска, кој ја…