Мизо: Следи тешка година за автомобилската индустрија, компании најавија затворање на производството

t

Кризата во Украина веќе се чувствува во автомобилската индустрија, а најпознатите автомобилски брендови веќе најавија затворање на своите капацитети на најмалку две недели, рече претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо. Тој вели оти последиците ќе се почувствуваат и во други сектори.

„Но, мора да земете во предвид кои се другите индиректни влијанија, цената на енергенсите се зголемува, инфлацијата сакале или не, ќе трае подолго отколку што беше планирано и целата онаа неизвесност околу сентиментот за купување на возила во Западна Европа ќе е ист“, рече Мизо по денешната панел дискусија на тема „Иницијатива за изработка на нова методологија за државна поддршка за поттикнување на инвестиции” како дел од активностите за унапредување на деловната клима со цел проширување на услугите и можностите за инвестирање.

Мизо открива дека кризата во Украина веќе ја погоди автомобилската индустрија, а мултинационални брендови како Ауди, Бе-Ем-Ве, Фолксваген, Шкода веќе најавиле целосно затворање на нивни производствени процеси, не само во Германија туку и во други делови од Европа, бидејќи дел од компонентите кои им се потребни за произдовство доаѓале од Украина.

Мизо вели дека минатата година била најтешка година за автомобилската индустрија, а компаниите од автомобилската индустрија кои работат во земјава лани имале пад помеѓу 20 до 30 проценти од планираното.

Во однос на планираните активности за поттикување на инвестициите во Македонија, директорот на Асоцијацијата на странски компании вели оти, покрај постигнатото усогласување на царините и регионален пристап за помагање на компаниите кои инвестираат надвор од главниот град, треба да се подобри и целиот процес за добивање на работни дозволи за странци со цел земјава да биде конкурентна со европските држави, како и да се обезбеди помош за обука и тренинг на вработените.

„Никаде во Европа индустријата не е лоцирана во главниот град. Ние треба да се стремиме кон она што е тренд во Европа, најголем дел од комапниите да бидат лоцирани надвор од галавниот град, додека во главниот град да се лоцирани сервисно ориентирани индустрии“, рече Мизо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бруто платата во ТИРЗ во март 2024…

Анализата на ТИРЗ покажува дека просечната бруто…

Мишустин: Западните санкции ја воскреснаа руската индустрија

Ограничувањата и санкциите го поттикнаа развојот на…

ВЛАСТА ЌЕ ГИ УНИШТИ СЛОБОДИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ!…

ИТАР ПЕЈО СЕ СЕТИЛ ДА ГРАДИ СОНЧЕВИ…

700 нови работни места отворени во ТИРЗ…

Продолжува растот на бројот на работни места…

Николоски: Во ТИРЗ има 2400 нови вработувања,…

Заменикот министер за финансии Филип Николоски во…